70 години од АСНОМ одбележани во МАНУ
Четвртиот Илинден, влезот во ЕУ и НАТО, е нашиот следен чекор, на којшто рече Камбовски, се соочуваме со бесмисленото проблематизирање на името од нашиот јужен сосед...

Илинеден 903-та, АСНОМ 44-та и 8-ми Септември 91-та, се потврда за грандиозниот историски подвиг на еден мал народ изложен во историјата на најжестоки негирања и прогони, да се носи успешно со предизвиците- дел од обраќањето на претседателот на МАНУ на свечената академија по повод 70 години од АСНОМ. Четвртиот Илинден, влезот во ЕУ и НАТО, е нашиот следен чекор, на којшто рече Камбовски, се соочуваме со бесмисленото проблематизирање на името од нашиот јужен сосед.
„Но не ја покажува ли сета негова апсурдност самиот факт на 70-годишно постоење на соверемента македонска држава под името Република Македонија“, вели претседателот на МАНУ, Владо Камбовски.
Важноста на Асномската одлука македонскиот да стане службен јазик во државата- една од поентите во говорот на Стаматоски.
„Од една ваква денешна дистанца можеме само да претпоставиме какви се приговори ќе му се правеа на македонскиот јазик, ако не се постапеше така“, вели Трајко Стаматоски од Сојузот на борците.
Академикот Катарџиев се задржа во своето обраќање на спесифичноста на македонската народноослободителна борба.
„Пред македонското антифашистичко востание стоела задачата да се ослободи народот , но и да се изгради сопствена држава со сите потребни атрибути на еден национален државен субјект“, рече академик Иван Катарџиев.
На свечената академија којашто заврши со разгледување на поставката на важни документи од НОБ и АСНОМ, присуствуваше државниот врв.
Виолета Димовска
