Поднесена интерпелација за работата на петте членови на Судскиот совет избрани од Собранието
Неодамна, мнозинството во законодавниот дом не го поддржа извештајот за работата на Судскиот совет за 2023-та, што како што велат од таму, е дополнителен показател дека се потребни реформи во судството.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ поднесоа интерпелација за работата на петте членови на Судскиот совет, избрани од Собранието. Неодамна, мнозинството во законодавниот дом не го поддржа извештајот за работата на Судскиот совет за 2023-та, што како што велат од таму, е дополнителен показател дека се потребни реформи во судството.
„Очекувавме дека досега, Судскиот совет сам ќе започне иницијатива за разгледување на извештајот. Имено член 100 став 8 од Законот за Судски совет предвидел дека доколку Собранието на Република Македонија не го усвои извештајот за работата на Судскиот совет, а истиот не е усвоен, ќе биде основа за поведување расправа за пред органите коишто ги избрале членовите на Судскиот совет, за оцена на нивната работа“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој додава дека реакциите од граѓаните, медиумите, европската и стручната јавност се големи и потребно е да се започне со оваа иницијатива.
