Зголемена фрекфенција на патници на Табановце

01.08.2014 17:24

Зголемена фрекфенција но без метеж, е сликата од граничниот премин Табановце. Годинава границата ја преминале 200 илјади патници повеќе од лани, но подобрата екипираност на граничните службите не дозволува застој.

Од патниците кои влегуваат во државата претежно се македонски државјани кои работат во Европска Унија и дел странци кои ги користат годишните одмори. Најголем дел од македонците одморите ги споија за да бидат во државата за прослвата на Илинден.

„Патувам за Кочани, се враќам од Италија. За празникот ќе бидат со семејството кое е овде, а на одмор планираме да одиме до Дојран“, вели анкетиран патник.

„Одморот ќе го поминеме во Македонија, имаме долгогодишни пријатели во Кавадарци и знам дека утре за празникот ќе организират добра забава со музика и скара“, вели една словенечка државјанка.

„Семејствто во Битола веќе не чека. Возевме над 30 часа од Шведска до овде и едвај чекаме да стигнеме дома“, додава друга патничка.

Од 15 до минути до 30 минути се задржуваат возилата за влез во државата на граничниот премин Табановце. Поголеми проблеми нема, иако фреквенцијата на патници постојано се зголемува. Во изминатите 24 часа на стартот на ударниот туристички бран на границата влегле над 40 иљади патници инфомрираат надлежните.

„Кога ќе налета поголем бран на возила со специјален режим ги пропуштаме патниците и така се растоварува сообраќајоот.Подготвени сме и екипирани да го поминеме месецот август кога се очекува најголем прилив на патници“, изјави одговорниот на смена на граничниот премин Табановце Гоце Трајковиќ.

200 илјади туристи повеќе се регистрирани во месец јули годинава. За разлика од минатата година кога биле регистриани 610 илјади, на Табановце сега влегле над 800 илјади, патници.

 

Габриела Димковиќ