Холандија со реакции поради санкциите на Трамп кон Меѓународниот кривичен суд
Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп, најави дека Холандија жали за таквата одлука на Белата куќа.

Холандските политичари реагираа на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд, при што некои десничари побараа негово дислоцирање од земјата.
Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп, најави дека Холандија жали за таквата одлука на Белата куќа.
Холандскиот десничар Герт Вилдерс го поддржа Трамп за санкциите.
Не може ли Меѓународниот кривичен суд да се пресели во Белгија или нешто слично? Никогаш не ја разбрав поентата да се има таа институција овде, наведе Вилдерс.
Трамп потпиша извршна наредба за воведување санкции против Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за нелегитимни и неосновани дејствија насочени против САД и блискиот сојузник Израел.
