„Вока пипл“ вечерва на „Охридско лето“

01.08.2014 17:35

Уште една атракција на програмата на Охридско Лето 2014, со вечерашниот перформанс на „Вока Пипл“ од Израел на сцената на Античкиот театар. „Вока пипл“  акапела составот презентираат музичка комедија која комбинира восхитувачки и неверојатни вокални звуци. За прв пат во Македонија пред публиката на „Охридско Лето“ тие ќе го презентираат своето шоу кое ширум светот важи за незаборавно искуство.
 
Во концептот на програмата на 54-то издание на фестивалот Охридско Лето, покрај квалитетна програма со учеството на светски познати уметници и ансамбли, голема креативна енергија се посветува и за вклучување на атрактивни фестивалски настани кои ќе го привлечат вниманието на младата и пошироката популација. Во изминатите години реализиравме концерти на вокални ансамбли, како Свингл Сингерс, Перпетуум Џезиле, Вива Вокс, кои останаа запаметени не само во меморијата на посетителите, туку и во фестивалската историја. Оваа година нудиме уште поголема  вокална атракција, „Вока Пипл“.
 
Прв пат во Македонија, пред публиката на Охридско Лето, „Вока Пипл“ ќе го претстават своето шоу кое ширум светот важи за незаборавно искуство кое ја спојува музичката брилијантност со многу хумор, истакнува селкторот на музичката програма Гордана Јосифова-Неделковска.