Јавна расправа

Потребни се ригорозни казни за сообраќајната деликвенција, согласна експертската јавност

07.02.2025 16:52

Забрзано се работи на мерките и казнивоста во сообраќајот, велат министрите за правда и внатрешни работи, Филков и Тошковски. Се најавуваат тестови за дрога, одземање на возила. Сето ова мора да биде во сооднос со изрекување и спроведување на казните...

Експертската јавност согласна дека се потребни ригорозни казни во однос на сообраќајната деликвенција. Потребна е ефективна контрола и строги санкции, но пред сè функционален систем, рекоа говорниците на јавната расправа за безбедност во сообраќајот. Надежи има и во вклучувањето камери од безбеден град кога несовесните возачи во еден ден можат да добијат и по неколку казни.

Забрзано се работи на мерките и казнивоста во сообраќајот, велат министрите за правда и внатрешни работи, Филков и Тошковски. Се најавуваат тестови за дрога, одземање на возила. Сето ова мора да биде во сооднос со изрекување и спроведување на казните.

Само во 2024-та во земјава се бележат 142 жртви во сообраќајни незгоди, а сообраќајната деликвенција е застапена со 25 проценти од вкупниот криминалитет.

Миле А. Ристески