Владата ја донесе програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините
Со оваа програма се определува користењето на капиталните дотации за финансирање на инвестициони проекти, односно за инфраструктурни проекти на општините и општините во градот Скопје за 2025 година, во вкупен износ до 15.000.000.000 денари.

Владата денеска ја одржа 49-та седница преку Видео-конференциска интернет комуникација на која ја донесе програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините и општините во градот Скопје за 2025 година.
Со оваа програма се определува користењето на капиталните дотации за финансирање на инвестициони проекти, односно за инфраструктурни проекти на општините и општините во градот Скопје за 2025 година, во вкупен износ до 15.000.000.000 денари.
Средствата од оваа програма ќе се користат за финансирање на инфраструктурни проекти на општините и општините во градот Скопје, во областа на транспорт, образование и наука, култура, животна средина и просторно планирање, социјална политика, демографија и млади и спорт.
Дополнително, Владата донесе и заклучоци во врска со информацијата за користење на капитални дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините и општините во градот Скопје за 2025 година и ги задолжи Министерствата за транспорт, животна средина и просторно планирање, образование и наука, култура и туризам, спорт и социјална политика, демографија и млади да ги утврдат критериумите, процедурите и роковите за распределба на капиталните дотации и истите да ги објават на официјалните веб страни.
Времетраењето на повикот за поднесување на апликативни формулари и проектни документации кој ќе го објави Министерство за локална самоуправа е до 30.04.2025 година.
