Повеќе од 240 дојави за поставени бомби во училишта, сите се лажни
Лажни дојави за бомби повторно испразнија училишта во земјава. Учениците привремено беа евакуирани, а откако МВР изврши безбедносни, наставата продолжи...

Повеќе од 240 дојави за поставени експлозивни направи ги вознемирија учениците во основните и средните училишта речиси на целата територија на Македонија. По итната евакуација на училиштата, брза интервенција и на МВР да провери сомнителни објекти. Некаде наставата беше прекината, а некаде продолжила откако заканите се покажале лажни.
Директорка на основно училиште во Центар вели дека заканата стигнала преку стара е-пошта, а не службената заштитена.
Формирана е меѓуресорна група од сите надлежни институции за поефикасно справување со ситуацијата и преземање мерки за одржување на безбедноста во училиштата.
Повторно сме цел на хибридни закани, вели премиерот Мицкоски. Од образование со апел училиштата да ги користат службените заштитени електронски адреси.
Како превенција, сите училишта добиле инструкции да ја зголемат безбедноста и да внимаваат кој сè влегува во нив.
Ирина Гелевска
