Доделени станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес
29 велешки семејства од социјално ранливите категории ги добија клучевите од зградата која е наменета за оваа категорија граѓани. Зградата се градеше четири години, инвеститор беше АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор …

Со радост и насмевка, 29 велешки семејства од социјално ранливата категорија ги добија клучевите од новоизградената зграда. Не го криеја задоволството што од 40 апликанти, токму тие ќе се вселат во становите.
Зградата е на пет ката, со површина на становите од 38 до 42 м2, инвестиција на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Започна да се гради во април 2021 година.
Становите ги добија деца без родители или родителска грижа, корисници на право на гарантирана минимална парична помош, лица со попреченост или семејства на лица со попреченост, самохран родител, припадници на ромска популација, социјално загрозени.
Петар Печков
