Кривичен суд

Ново рочиште за двојното убиство, сослушан сведокот Гоце Трајковски

07.02.2025 16:38

Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. Сослушан сведокот Гоце Трајковски, кој до неодамна беше во бегство…

Сведокот Гоце Трајковски сакал да помогне да се најде Вања и затоа се јавил кај нејзиниот татко, со кого биле кумови, но долго време не комуницирале.

На рочиштето за двојното убиство рече дека побарал од пријател кој имал допир со снимките од „сејф сити“ да му каже дали ја регистрирале некаде Вања и каде се движела. Добил одговор дека сите се чудат-како да е земена со хеликоптер.

Сведокот посочи дека му бил сомнителен цитроенот кој бавно се движел, па затоа направил неколку фотографии и заедно со снимки од други возила ги пратил кај другарот од „сејф сити“ од каде што добил повратен одговор дека возилото е на велешанецот по кого се трага – Панче Жежовски. Според Трајковски, овие сознанија ја однеле истрагата во вистинскиот правец.

Гоце од Зорица, мајката на Вања, разбрал дека Александар бил добар татко и не му е јасно како полицијата го поврзува во целата ситуација.

Наташа Јанчиќ-Менковски