Кире Лазаров најдобар во Асобал

01.08.2014 18:20

Најновата ѕвездичка во богатата кариера на Лазаров ќе му биде доделена на дуелот од Супер купот на Шанија против Гранољерс.

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров доби уште едно големо признание од шпанската Асобал лига.

„Trofeo Powerade“ е привилегија за играчот со најмногу настапи и најдобар ефект во изминатата сезона.

Во дресот на Барселона македонскиот репрезентативен капитен кој беше прогласен и за најдобар десен бек во сезоната, одигра 38 натпревари и постигна 176 гола во сите конкуренции на Асобал.

Најновата ѕвездичка во богатата кариера на Лазаров ќе му биде доделена на дуелот од Супер купот на Шанија против Гранољерс.

Ова признание во најквалитетната шпанска ракометна конкуренција седоделува петта година по ред а го добивале, Рутенка, Томас, Шариќ и Гвардиола.