Грција
Досега регистрирани 7.700 земјотреси во областа на Санторини
08.02.2025 10:47
Според грчките медиуми, од 26 јануари досега се регистрирани 7.700 земјотреси во областа меѓу Санторини и островот Аморгос.

Прогласена вонредна состојба на Санторини до 3 март по зголемената сеизмичка активност. Според грчките медиуми, од 26 јануари досега се регистрирани 7.700 земјотреси во областа меѓу Санторини и островот Аморгос.
Властите презедоа мерки на претпазливост и се подготвуваат во случај да има поголем потрес.
