Блиски исток

Хамас денес ќе ослободи тројца заложници

08.02.2025 10:08

Приближно 33 заложници и 1.900 затвореници се очекува да бидат ослободени до крајот на првата фаза од прекинот на огнот за три недели.

Хамас ги објави имињата на тројца заложници кои денеска ќе бидат ослободени, со еден час задоцнување од крајниот рок во 16 часот.

Кабинетот на израелскиот премиер потврдија дека заложниците што треба да бидат ослободени се Охад Бен Ами, Ели Шараби и Ор Леви. Во замена за заложниците предвидено е Израел да ослободи над 180 палестински затвореници, меѓу нив има и лица кои отслужуваат доживотна казна, 54 лица кои отслужуваат долги казни и 111 лица кои биле приведени во Појасот Газа за време на војната.

Приближно 33 заложници и 1.900 затвореници се очекува да бидат ослободени до крајот на првата фаза од прекинот на огнот за три недели.

Израел соопшти дека осум заложници се мртви.