Евроинтеграции

Муртезани за МИА: На патот кон ЕУ за нас нема поголем пријател од Грција

08.02.2025 11:55

„Ова пријателство мора и понатаму да се зајакне, а добрососедските односи се наш заеднички приоритет, тие мора да се зајакнат. Ние сме земји-членки на НАТО и рамо до рамо придонесуваме за стабилноста во регионот и во светот“, вели Муртезани.

Немаме поголем пријател и поддржувач на нашата европска интеграција од Грција, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани во интервју за МИА од Атина, каде беше во дводневна посета на јужниот сосед и се сретна со грчката заменик-министерката за надворешни работи, Александра Пападополу и со потпретседателот на грчкото собрание и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис.

„Ова пријателство мора и понатаму да се зајакне, а добрососедските односи се наш заеднички приоритет, тие мора да се зајакнат. Ние сме земји-членки на НАТО и рамо до рамо придонесуваме за стабилноста во регионот и во светот“, вели Муртезани.

Со потпретседателот на грчкиот парламент разговарале и за обостраната имплементација на Преспанскиот договор и заклучиле дека двете страни треба да ги подобрат координативните активности и напорите во насока на понатамошна имплементација на договорот.