Силен земјотрес го погоди Алжир

01.08.2014 18:32

Шест луѓе загинаа, над 380 се повредени во земјотрес со интензитет од 5.5 степени според Рихтер кој го погоди главниот и неколку крајбрежни градови во Алжир. Неколкумина од повредените се во критична состојба .

„Земјотресот беше многу силен, навистина не беше пријатно да се почувствува“, вели еден жител.

Земјотресот предизвикал паника кај локалните жители. Медиумите јавуваат дека четворица од загинатите во обид  да се спасат скокнале од балконите .

„Ние сме подготвени да им пружиме помош и информации на  сите граѓани. За среќа земјотресот не предизвика голема материјална штета. Ќе им помогнеме луѓето во санирањето на штетите“, рече Тајеб Белаиз, министер за внатрешни работи.

Епицентарот на земјотресот бил во морето на 19 километри од брегот. Во 2003-та земјата беше погодена од земјотрес со интензитет од 6.7 степени по Рихтер при што 2.000 луѓе го загубија животот.

Марија Петковска