Свет

Трамп телефонски разговарал со Путин

09.02.2025 10:38

Војната, која почна со целосна руска инвазија на Украина, ќе ја одбележи својата трета годишнина на 24 февруари.

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина. Претходно Трамп изјави дека најверојатно наредната недела ќе има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на која ќе се разговара за завршување на војната.

Војната, која почна со целосна руска инвазија на Украина, ќе ја одбележи својата трета годишнина на 24 февруари.

Трамп за американски медиуми изјави дека „секогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната, но не откри повеќе детали.