Европската екстремна десница на собир во Мадрид го поздрави враќањето на Трамп
На настанот присуствуваа унгарскиот премиер Виктор Орбан и италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, како и лидерите на десницата во Франција и Холандија, Марин Ле Пен и Герт Вилдерс.

Лидерите на екстремно десничарските партии од третиот најголем блок во Европскиот парламент, Патриоти за Европа, на собир во Мадрид што се одржа под слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, го поздравија враќањето на Доналд Трамп.
На настанот присуствуваа унгарскиот премиер Виктор Орбан и италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, како и лидерите на десницата во Франција и Холандија, Марин Ле Пен и Герт Вилдерс.
„Торнадото Трамп го промени светот за само неколку недели … вчера бевме еретици, денес сме мејнстрим“, рече Орбан пред околу 2.000 поддржувачи, од кои повеќето вееја шпански знамиња.
