регион
Парламентарни избори во Косово
09.02.2025 10:49
Ова се деветти парламентарни избори во земјата од прогласувањето на независноста. На нив учествуваат 28 политички субјекти, меѓу кои 19 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 2.075.868 граѓани ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места.
Ова се деветти парламентарни избори во земјата од прогласувањето на независноста. На нив учествуваат 28 политички субјекти, меѓу кои 19 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.
Во изборната трка се вклучени и шест политички субјекти кои ја претставуваат српската заедница.
