Прилеп

Голема кражба го остави „Трескавец“ без водовод

09.02.2025 12:31

Светски познатиот манастирски комплекс „Трескавец“ кај Прилеп никако да го добие водоводот што ќе ги стави во функција обновените конаци. Голема кражба ги одложи и онака задоцнетите работи …

Голема кражба спречи изградениот водовод до манастирот „Трескавец“ да биде ставен во функција со што и официјално обновените конаци да може да пречекуваат посетители.

Пред Нова година, крадците украле кабли и електроника, токму пред да биде пуштен во употреба. Градските власти молчеа и чекаа во март да почнат со обновата на водоводниот систем на овој комплекс кој е во графата на загрозено светско културно наследство. Штетата е околу 10 000 евра.

Треба наново да се бараат средства да се надомести штетата. Прилепските локални власти уверуваат дека откако ќе се обезбедат средства, сè ќе се реши за ден-два.

Водоводот се градеше со 100.000 евра, обезбедени од ТАВ-програмата и со уште 3 милиона денари од буџетот на прилепската локална самоуправа. Најавите беа дека ќе биде готов до крајот на 2023 година.

Елизабета Митреска