Животна средина

25% од загадувањето на воздухот во Битола доаѓа од јавните институции

09.02.2025 13:26

Загадувањето е еден сериозен проблем во Македонија, кој со години никако да се најде решение. Покрај Скопје, Битола е еден од градовите кој постојано има висока концентрација на ПМ10 честички …

Битола е еден од градовите кој честопати е на врвот на листата на најзагадени градови во државава. Иако се наоѓа под Пелистер, сепак чистиот воздух е луксуз за битолчани, особено за време на грејната сезона. Според податоците, една третина од домаќинствата се греат на биомаса, но и зголемениот обем на возила дополнително го загадува воздухот. Со ова согласни се и граѓаните.

Мерната станица Битола 2 лоцирана во градското подрачје, регистрира поголемо загадување. Според еко-експертите тоа се должи на јавните државни и општински установи, кои се греат на нафта и мазут и за време на грејна сезона трошат во просек над 700 тони нафта, со што се емитуваат околу 5.000 тони јаглероден моноксид.

Во периоди кога има енормно загадување, Јовановски препорачува, скратено работно време на овие установи, примена на аеросолна метода, како и раззеленување на урбаните површини, затоа што токму зеленилото е најголем потрошувач на CO2.

Александра Максимовска