Иванов: Сите граѓани треба да го градат македонскиот модел на соживот

01.08.2014 18:38

„Атина не придонесува за да се надмине спорот со името“ , одговара Шефот на државата на прашањето за разговорите меѓу Македонија и Грција. Според него, по последната посета на медијаторот Нимиц, треба да се изврши притисок врз Грција што ќе резултира со почитување на меѓународното право и меѓународно преземените обврски.

„Наместо одговор, слушаме изјави кои како да доаѓаат од некое дамнешно време кога со леснотија се убиваа, протеруваа, се асимилираа луѓе кои имаа друг идентитет, друг јазик, други имиња и презимиња. Кога со леснотија се кршеа сите по ред човекови права и се погазуваше човечкото достоинство. Несфатливо е денес некому да му го негирате неговиот јазик, неговиот идентитет. Несфатливо е некој се уште да ни го негира нашето право да постоиме и да бидеме она што сме, она што отсекогаш сме биле“, вели Иванов.

За одлуката на ДУИ да го бојкотира, вели дека последните изјави кои доаѓаат од дел на раководството на политичката партија со признавањето на институцијата Претседател, а непризнавањето на легитимитетот, се нејасни.

„Постојано велам дека е потребно сите граѓани на Република Македонија да го градат македонскиот модел на соживот. Не е ексклузивно правото само на Македонците да го градат соживотот и довербата, туку на сите припадници на етничките заедници, затоа што Охридскиот рамковен договор дава права, но, подеднакво и обврски. Исто така, не е ексклузивно право само на политичката партија ДУИ да ги претставува интересите на сите Албанци во Македонија“, вели Иванов.

Според него, советот за безбедност ќе одржи конститутивна седница, а именувањето на членовите ќе го одразува составот на населението  согласно со уставот.

Наташа Гркова