100 дена од трагедијата во Нови Сад, протестите во Србија продолжуваат
Нови протести низ Србија. Под слоганот – ја газиме Газела зашто вие ја згазивте правдата, белградските студенти седум часа го блокираа мостот кај Сава Центар.

Денеска навршија 100 дена од трагедијата во Нови Сад и падот на настрешницата, кога загинаа 15 луѓе. Нови протести низ Србија. Под слоганот – ја газиме Газела зашто вие ја згазивте правдата, белградските студенти седум часа го блокираа мостот кај Сава Центар.
Блокирани и три раскрсници на влезот на Нови Сад. На студентите им се приклучија и земјоделци со трактори, велосипедисти, граѓани. Студенти од Крагуевац, пак, трчаа штефетен маратон до храмот Свети Сава.
И покрај тоа што властите тврдат дека се исполнети сите барања, студентите не се согласуваат – бараат да се објави целата документација за реконструкцијата на железничката станица, да се отфрлат тужбите против студентите, активистите и граѓаните, да се поднесат кривични пријави против сите напаѓачи на студентите и да се зголеми буџетот на факултетите за 20 проценти.
