Економија

Најавени офанзивни мерки за цените

09.02.2025 15:43

По вториот бојкот на маркетите, извештајот на Пазарниот инспекторат во вторник на владина седница. Треба да се дефинираат идните чекори. Не се исклучува ограничување на цените. Власта најави офанзивни мерки – под лупа се ставени и аптеки и продавници за бела техника …

Откако втора недела по ред се бојкотираше против високите цени во маркетите, Владата најави офанзивни мерки откако ќе го добие извештајот од Пазарниот инспекторат. Но, ќе се чешлаат и аптеки, како и продавници за бела техника. Премиерот Мицкоски ги отфрла тезите дека високите цени се поради повисоките царински давачки.

Додека премиерот вели дека е нарушена довербата меѓу трговците и владата, сепак, се надева дека дијалогот ќе даде плод. Граѓаните, пак, не веруваат дека бојкотот на подолг рок дава резултат.

Со шестмесечните контроли на Државниот пазарен инспекторат опфатени добавувачите, производителите и трговците. Во вторник на владина седница треба да се искристализираат идните чекори.

Според УЈП, прометот на 8-те синџири маркети „паднал“ за 22% во однос на денот пред бојкотот.

Освен во Македонија, бојкот на маркети се случува и во други земји во соседството.

Борис Грујоски