Јотовски победува во Србија
Девис куп репрезентативецот на Македонија, Томислав Јотовски, продолжува со успесите на Фјучерс турнирите во соседна Србија.
По загубеното финале во Ваљево, Јотовски обезбеди ново полуфинале на турнирот од оваа категорија во Сомбор.
Во четвртфиналниот дуел тој го елиминираше првиот фаворит, французинот Алексис Мусијалек со 7-6 и 6-4 во сетови.
Во утрешниот меч за финале тој ќе се судри со третиот носител, домашниот тенисер Марко Тепавац кој ја доби српската пресметка. Дејан Катиќ во вториот сет му го предаде мечот.