Временска прогноза

Наутро студено, преку денот променливо облачно

10.02.2025 08:18

Во западните делови претежно од пладневните часови ќе има услови за појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови претежно од пладневните часови ќе има услови за појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од-10 до-1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.