БЛИСКИ ИСТОК

Трамп не отстапува од идејата за преземање на Газа

10.02.2025 08:34

Додека патуваше кон Њу Орлеанс, да присуствува на Супербол, Трамп рече дека арапските нации ќе се согласат да ги примат Палестинците откако ќе разговараат со него и тврди дека тие ќе ја напуштат Газа ако имаат избор.

Американскиот претседател останува посветен на планот да ја преземе сопственоста на Газа. Додека патуваше кон Њу Орлеанс, да присуствува на Супербол, Трамп рече дека арапските нации ќе се согласат да ги примат Палестинците откако ќе разговараат со него и тврди дека тие ќе ја напуштат Газа ако имаат избор. 

„Што се однесува до обновата на Газа, можеби ќе ја дадеме на други држави на Блискиот Исток за да изградат делови од неа. Други луѓе може да го направат тоа со наше покровителство. Но, ние сме посветени да ја поседуваме, да ја преземеме и да се погрижиме Хамас да не се врати назад. Не можете да живеете во тие згради во моментов, тоа е опасно место“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Израелскиот премиер Нетанјаху оцени дека повоениот план на американскиот претседател Трамп за Газа е „револуционерна визија“. Турскиот претседател Ердоган пак изјави дека нема смисла да се разговара за планот и дека никој нема моќ да ги отстрани луѓето од нивната татковина.