Литванија, Естонија и Летонија се приклучија кон европскиот енергетски систем
По исклучувањето на далноводите на мрежата од советската ера беше запрен протокот на електрична енергија меѓу балтичките земји и Русија.

Литванија, Естонија и Летонија го одбележаа приклучувањето кон европскиот енергетски систем со симболична церемонија. По исклучувањето на далноводите на мрежата од советската ера беше запрен протокот на електрична енергија меѓу балтичките земји и Русија.
„Со зајакнувањето на ЕУ, ја намаливме нашата зависност од руските фосилни горива. Престанавме да увезуваме руски јаглен. Го намаливме купувањето руска нафта на 3%. Го намаливме увозот на гас за 75%, а последните електрични мрежи во Европа кои сè уште беа поврзани со Русија, сега се целосно интегрирани на внатрешниот енергетски пазар на Европа. Нашата соработка докажува кога стоиме заедно, никој не може да не уценува“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
16 далноводи што ги поврзуваа балтичките држави со Русија и Белорусија беа демонтирани во последниве години. Беше создадена нова мрежа што ги поврзува со остатокот од ЕУ, вклучително и подводни кабли во Балтичкото Море кои од почетокот на војната во Украина се цел на саботажи.
