Здравство

Денеска ќе биде пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники

10.02.2025 08:50

Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требало да биде променета уште пред три години. Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз Клиничкиот центар како столб на здравството.

Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска официјално ќе биде пуштена во употреба. На настанот, како што информираат од Министерството за здравство, ќе присуствува и министерот Арбен Таравари.

Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември“. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требало да биде променета уште пред три години. Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз Клиничкиот центар како столб на здравството.

На први јули, беше соопштено дека полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар, оти е објавен тендер за компресорите што не работат. Во средината на јули, беше поништена постапката за набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компромитиран воздух за операционите сали на хируршките клиники, бидејќи не пристигнала ниту една понуда. Потоа следуваше друг тендер.

На 22 јануари, Министерството за здравство информираше дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.