Попоски во Индија
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски...
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, на 16 и 17 декември 2013 година ќе оствари официјална посета на Индија. Попоски ќе се сретне со високи претставници на индиската Влада. Предвидени се средби со министерот за надворешни работи Салман Куршид, државната министерка за надворешни работи Пренит Кор, како и со министерот за трговија и индустрија Ананд Шарма. Шефот на македонската дипломатија ќе ги презентира нашите економски капацитети и поволности за инвестиции и водење бизнис пред една од двете најголеми стопански комори на Индија. Оваа посета на министерот Никола Попоски претставува уште една можност за унапредување на билатералните релации, како и натамошно продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Индија во сите области од заемен интерес.
