Јуниорите ќе бегаат од последното место на ЕП
Македонските јуниори ќе играат за 15-то место на Еп во Австрија. Во денешниот претпоследен дуел на шампионатот нашите момчиња загубија од Словачка со 28-26.
Утре од 12.30 часот против врсниците од Израел, со победа ќе се обидат да го избегнат последното место на шампионатот на Стариот континент.
Петти пораз во шестиот натпревар за нашите ракометни надежи кои не успеаја на крилјата на единствениот триумф на првенството против Швајцарија, да остварат нов и да се борат за повисок пласман.

Избраниците на Зоран Петковски одиграа на ниво на задачата и рамноправно против словачките јуниори во првото полувреме кое заврши изедначено 13-13.
Во вториот дел неизвесноста и изедначената игра продолжи до 47 минута кога противникот со серија од 3-0 ја направи клучната предност за 21-18. Трите гола разлика, словаците ги пресликаа пет минути подоцна за 22-19 и до крајот рутинирано ги сочуваа за конечни 28-26.
Во периодот кога се кршеше резултатот, кога неколкупати успеавме да се приближиме на минус 1, играше само Мартин Манасков кој постигна шест гола во низа од вкупно деветте со кои и беше најефикасен во нашата селекција. Подршка имаше од Филип Талески кој даде пет гола.