САД

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за челик и алуминиум

10.02.2025 10:22

Тој претходно ги одложи новите царини од 25 насто за Канада и Мексико на еден месец, но воведе царини од 10 проценти за Кина. Пекинг возврати со иста мера, а уредбата стапува во сила денеска.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 проценти за целиот американски увоз на челик и алиминиум и најави дека оваа недела ќе воведе реципрочни царини за сите земји кои го царинат увозот од САД.

Тој претходно ги одложи новите царини од 25 насто за Канада и Мексико на еден месец, но воведе царини од 10 проценти за Кина. Пекинг возврати со иста мера, а уредбата стапува во сила денеска.

Во својот прв мандат, Трамп воведе царини од 25% за увозот на челик и царини од 10% за увозот на алиминиум од Канада, Мексико и Европска унија.