УХМР

Утрово најстудено во Берово

10.02.2025 09:04

Минусни температури речиси низ целата држава беа измерени утрово. Најстудено беше во Берово, каде што беа измерени -11 степени...

Минусни температури речиси низ целата држава беа измерени утрово. Најстудено беше во Берово, каде што беа измерени -11 степени. После Берово, следува Крива Паланка и Маврово со -8. На Попова Шапка и Битола беа измерени -7 степени, -6 во Крушево, Скопје, Штип, Велес и Прилеп.

Немаше град или место во Македонија утрово којшто беше со температури над нулата. Го Гевгелија и Струмица беа измерени -2 степени.

Снег има само на Попова Шапка, каде се измерени 31 сантиметри и Маврово 13 сантиметри.