Супербол: Филаделфија Иглс го победи Канзас Сити
10.02.2025 09:21
Педесет и деветтиот Супербол се одржа во Њу Ореланс. Иглс победија со 40:22 и стигнаа до својот втор трофеј во ова натпреварување.

Филаделфија ја прекина серијата од два трофеи по ред на Канзас Сити во Супербол и ја освои својата прва титула во НФЛ од 2017 година.
Педесет и деветтиот Супербол се одржа во Њу Ореланс. Иглс победија со 40:22 и стигнаа до својот втор трофеј во ова натпреварување.
За време на паузата од натпреварот се одржа традиционално шоу на кое настапи американскиот рапер Кендрик Ламар со учество на пејачката СЗА.
На најважниот натпревар во американскиот фудбал присуствуваше и Доналд Трамп кој стана првиот актуелен американски претседател во историјата што во живо од трибините го следел Суперболот.
