Енергетика

Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023-та

10.02.2025 17:55

И покрај тој ценовен врв, цените на природниот гас на европските пазари во моментов се значително пониски од оние во 2022 година...

Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023-та година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија.

Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна до 58,29 евра за мегават-час природен гас, со испорака во март.

И покрај тој ценовен врв, цените на природниот гас на европските пазари во моментов се значително пониски од оние во 2022 година, кога на моменти достигнуваа нивоа од над 300 евра за мегават-час природен гас.