Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени
Се закани и дека ќе ја запре помошта за Јордан и Египет доколку не ги примат палестинските бегалци. Хамас соопшти дека го одложува следното ослободување на заложниците и го обвини Израел дека го прекршил договорот за прекин на огнот.

Американскиот претседател Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се направи пекол доколку сите заложници во Газа не бидат ослободени до сабота напладне. Се закани и дека ќе ја запре помошта за Јордан и Египет доколку не ги примат палестинските бегалци. Хамас соопшти дека го одложува следното ослободување на заложниците и го обвини Израел дека го прекршил договорот за прекин на огнот.
Портпаролот на израелската влада рече дека кога станува збор за втората фаза, дискусии за постојан прекин на огнот се почнати со партнерите во САД.
„Кога станува збор за втората фаза, овие дискусии за траен прекин на огнот со нашите партнери во САД дефинитивно започнаа и во реалноста тие навистина никогаш не завршија. Така што, овие дискусии, веруваме дека ќе бидат тешки, но ние сме посветени да ги вратиме нашите заложници дома и да ги постигнеме сите други воени цели. Крајната цел е секако траен прекин на огнот, но Хамас не смее да биде на власт, Газа“, изјави Дејвид Менсер, портпарол на владата во Израел.
Израелскиот министер за одбрана вели дека Хамас го крши договорот за прекинот на огнот. И нареди на војската да биде на највисоко ниво на приправност во палестинската енклава. Досега се случија пет размени на заложници и заробеници во првата фаза од примирјето.
