САД воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум
Главните американски добавувачи на челик се Канада, Бразил и Мексико.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или откажувања. Главните американски добавувачи на челик се Канада, Бразил и Мексико.
„Нашата нација бара челик и алуминиум да се произведуваат во Америка, а не во туѓи земји. Треба да создадеме за да ја заштитиме иднината на нашата земја, да го заживееме американското производство кое не е видено со децении. Значи, во суштина, ставаме царина од 25%, без исклучок, за целиот алуминиум и целиот челик. И тоа ќе значи дека ќе се отворат многу бизниси во Соединетите држави“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Потезите се дел од агресивниот притисок на Трамп за ресетирање на глобалната трговија, при што Трамп рече дека зголемувањето на даноците за луѓето и компаниите кои купуваат производи од странство на крајот ќе го зајакнат домашното производство.
