Зеленски најави дека оваа недела тимот на Трамп ќе ја посети Украина
Зеленски одново потенцираше дека заедничката визија на Вашингтон и Киев треба да биде како да се запре Путин и како да се дадат гаранции за безбедноста на Украина и Украинците.

Претседателот на Украина најави дека оваа недела тимот на американскиот претседател Трамп ќе ја посети Украина. Зеленски одново потенцираше дека заедничката визија на Вашингтон и Киев треба да биде како да се запре Путин и како да се дадат гаранции за безбедноста на Украина и Украинците.
„Оваа недела очекуваме сериозни луѓе од тимот на претседателот Трамп во Украина пред конференцијата во Минхен. Потоа ќе се одржи конференцијата во Минхен. Таму ќе имам голем број состаноци со потпретседателот, а ќе имаме и средби со тимот на претседателот Трамп. Исто така, нашите тимови работат за средбата со претседателот Трамп. Тој зборуваше за тоа. Ми се чини дека тоа не е тајна“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Специјалниот пратеник на Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, ќе ја посети Украина на 22 февруари, во рамки на дипломатските напори за изнаоѓање решение за војната, која Москва ја почна пред речиси три години.
