Мора да се контролира вештачката интелигенција, велат воените експерти на глобалниот самит во Париз
Еден ден ќе треба да најдеме начини да ја контролираме вештачката интелигенција или во спротивно ќе ја изгубиме контролата над сè, став на врховниот командант на НАТО за трансформација.

Состанок на воени претставници и експерти за одбрана на маргините на глобалниот самит за вештачка интелигенција во Париз. Дискутирано за тоа како технологијата на вештачка интелигенција брзо влијае на одбраната и војувањето, вклучително и на фронтот во Украина.
Еден ден ќе треба да најдеме начини да ја контролираме вештачката интелигенција или во спротивно ќе ја изгубиме контролата над сè, став на врховниот командант на НАТО за трансформација.
„Системите што ги гледаме и новата технологија се многу попрецизни, и уште повеќе посмртоносни. Војната ја почнавме со гранатирање, илјадници гранати дневно. Денес со еден дрон го имате истиот ефект и одите директно до целта. Значи, способноста да се надмине непријателот е навистина клучна“, изјави адмирал Пјер Ванди, врховен командант на НАТО за трансформација.
Дводневниот самит во Париз на едно место ги собра лидерите во политичката и технолошката индустрија и околу 1.500 учесници од 100 земји од светот.
