Грција
Не запираат потресите на Санторини
11.02.2025 08:34
Земјотресите се почувствувани во Атика и на Крит. На Кикладите, во последните три дена се забележани 550 потреси во морскиот регион меѓу Санторини, Аморгос и Иос...

Не запираат потресите на Санторини. Два земјотреса од 5,3 и 5,2 по Рихтер во интервал од една минута се случија вчеравечер покрај бреговите островот.
Ова е најсилниот потрес што го погоди регион во последните десет дена. Земјотресите се почувствувани во Атика и на Крит. На Кикладите, во последните три дена се забележани 550 потреси во морскиот регион меѓу Санторини, Аморгос и Иос.
Илјадници луѓе се евакуирани.
