УХМР

Најстудено утрово било во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

11.02.2025 09:00

Најстудено утрово било во Берово каде што се измерени -10 степени, висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 31 сантиметар...

Најстудено утрово било во Берово каде што се измерени-10 степени, -7 било во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес и Крушево, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -4 во Претор, Кавадарци и Виница, -3 во Охрид и Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 во Маврови Анови.