Груевски: Проблемот на Македонија е и европски проблем

02.08.2014 14:30

Ако некој мисли дека со игнорирање на овој проблем ќе создаде решение длабоко се лаже. Проблемот на Македонија, кој го лимитира нејзиниот прогрес е проблем кој стимулира нетрпеливост, несогласувања, нестабилност, создава предизвици. Игнорирањето, само го помага проблемот да се зголемува и продлабочува, а не го решава, рече Груевски во својот говор денеска на Пелинце...

Време е Европа да погледне со поголемо внимание кон нас, и да ги оправда цитатите кои ги кажуваат нивните лидери низ историјата. Проблемот на Македонија не е само наш проблем. Тоа е европски проблем и ако некој мисли дека со негово игнорирање ќе создаде решение се лаже, истакна премиерот Никола Груевски, во своето обраќање во Пелинце. 
 
- Да се признае јавно од некои од нив дека треба да се преговара за името и за идентитетот, во ситуација кога да се негира нечиј идентитет е рамно на бришење на една нација, е погубно и сам показател, колку рамнодушно или пак површно или неспремно се пристапува кон ова прашање. Спомнувањето на проблемот јавно не е доволно. Потребно е конкретно дело, потенцираше Груевски.
 
Европа, додаде тој, не смее интересот да го става над принципите и вредностите. 
 
- Ние сме подготвени за разговори, и за изнаоѓање на решение, но навистина е трагично како никој не може да ги убеди нашите соговорници да седнат на маса со нас, и колку тоа претпазливо и срамежливо го кажуваат, па како тоа се појавуваат некакви квази аргументи кои треба да ја покријат нивната немоќ да предизвикаат решение, рече Груевски.  
 
Во својот говор премиерот потецира дека ние сме Македонци и оти зборуваме македонски јазик, имаме наша, автентична, македонска култура.
 
- И немаме никакви претензии кон Грција или кој било друг наш сосед, ниту пак сакаме да наштетиме на кого било. Ние сакаме мир, сакаме слобода, сакаме просперитет на нашите граѓани. Ние сакаме правда, истакна премиерот Груевски.
 
Проблемот на Македонија, потенцираше тој, не е само наш проблем. - Тоа е европски проблем! Ако некој мисли дека со игнорирање на овој проблем ќе создаде решение длабоко се лаже. Проблемот на Македонија, кој го лимитира нејзиниот прогрес е проблем кој стимулира нетрпеливост, несогласувања, нестабилност, создава предизвици. Игнорирањето, само го помага проблемот да се зголемува и продлабочува, а не го решава, рече Груевски.
 
Европа, продолжи тој, не смее интересот да го става над принципите и над вредностите.  - Така само ги потхранува скептиците кои демнат над нејзината причина за постоење, и темелите на кои таа треба да почива, посочи премиерот