Скопје
Едно лице е убиено во пукање синоќа во Топанско поле
11.02.2025 09:48
Едно лице е убиено, има и повредени при вчерашната престрелка во Топанско поле во Скопје...

Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што синоќа се случила во Топанско поле во Скопје.
Повреденото лице е во стабилна состојба, а според неофицијалните информации убиениот и повредениот се на возраст од околу 35 години.
Од МВР го потврдуваат пукањето и детални информации најавуваат во текот на денот.
Мотивите за нападот засега не се познати.
