Дончиќ дебитираше за Лејкерс
Се чини дека Лејкерси долгорочно ќе бидат многу позадоволни од овој трејд. Словенецот за 23 минути на теренот постигна 14 поени (5/14 од поле) и имаше пет скока и четири асистенции.
Словенечкиот кошаркар и НБА суперѕвезда, Лука Дончиќ дебитираше за Лејкерс откако на почетокот на месецот беше трејдуван од Далас Маверикс.
Се чини дека Лејкерси долгорочно ќе бидат многу позадоволни од овој трејд. Словенецот за 23 минути на теренот постигна 14 поени (5/14 од поле) и имаше пет скока и четири асистенции.
Леброн Џејмс со 24 поени, седум скока и осум асистенции ги предводеше Лејкерси, додека Остон Ривс и Руи Хачимиуа искомбинираа 43 поени.
Дончиќ исто така донираше 500.000 долари за помош на погодените од пожарите во Лос Анџелес, со потпис „вашиот нов сосед“.
Фото: NBA/ YouTube
