Тетово

Оспорено преименувањето на улиците во Тетово

11.02.2025 12:16

Поднесена иницијатива за оценка на уставноста на одлуката на Советот на општина Тетово за преименување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот...

Сојузот на борците од НОБ и други граѓаните поднесоа иницијатива за оценка на уставноста на одлуката на Советот на општина Тетово за преименување улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот.

Оттаму велат дека одлуката била донесена без согласност на владата, но, се лоцираат и други пропусти – за одредени улици, за имињата за користел албански јазик, испишан на кирилско писмо. До градоначалникот Касами испратено отворено писмо да не се чепкаат улиците, кои носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народности.

Општината, пак, објави повик за прибирање предлози за преименување на улиците.