Вељаноски: Ќе ја афирмираме вистината за Македонија
Од ова место, тука, од Мечкин Камен гласно порачувам дека Македонија била е и ќе биде Македонија, македонскиот народ бил, е и ќе биде македонски народ. Остануваме цврсти во нашите намери да ја афирмираме вистината за Македонија! Илинден е другото име за Македонија. Сите жртви на македонските херои низ вековите до денес ја добиваат својата смисла единствено и само заради Илинден, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во својот говор на Мечкин Камен на централната манифестација по повод националниот празник Илинден.

Македонија денеска одбележува 111 години од Илинденското востание и 70 години од второто заседание на АСНОМ.
Вељаноски пред насобраните граѓани рече дека 111 години Илинден значат токму толку години од поставувањето на напредните идеи кои и денес звучат исто толку свежо и современо.