Ограничување на маржите

11.02.2025 18:08

Владата одлучи да ги ограничи маржите за 10 проценти на цените на околу 100 производи. Покрај основните прехранбени продукти оваа мерка ќе ги опфати бебешките производи...

Владата одлучи да ги ограничи маржите за 10 проценти на цените на околу 100 производи. Покрај основните прехранбени продукти оваа мерка ќе ги опфати бебешките производи, средствата за лична хигиена и производите кај кои има најголемо зголемување на цените.

Владата со предлог и до трговците јавно да ги објават цените, за да има поголема транспарентност и граѓаните да одлучат во кој маркет ќе пазарат, вели портпаролката Митева. Мерката доаѓаат како резултат на извештајот од извршените контроли на Државниот пазарен инспекторат.

Дополнително ќе се утврдува дали ќе се прави Велигденска и Рамазанска кошничка. Министерството за економија е задолжено заедно со другите надлежни институции да одржат итен состанок за да се разгледаат и други долгорочни мерки со кои би се решила состојбата со растот на цените.

До петок контроли ќе има и кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо.

 

Викторија Милевска