Студентите од Ниш и Белград пеш тргнаа кон Крагуевац во рамки на кампањата „Ништо не е далеку за правдата“
Во Крагуевац ќе пристигнат в петок, во пресрет на големиот заеднички протест на студентите и граѓаните на националниот државен празник Сретење, со кој се одбележува датумот на Првото српско востание против Турците Османлии и првиот српски Устав усвоен во Крагуевац...

Продолжуваат протестите во Србија. Студентите од Ниш и Белград пеш тргнаа кон Крагуевац во рамки на кампањата „Ништо не е далеку за правдата“. Во Крагуевац ќе пристигнат в петок, во пресрет на големиот заеднички протест на студентите и граѓаните на националниот државен празник Сретење, со кој се одбележува датумот на Првото српско востание против Турците Османлии и првиот српски Устав усвоен во Крагуевац.
Маршот е дел од тримесечните протести во кои се бара одговорност за несреќата на железничката станица во Нови Сад.
