Почна официјалниот откуп на тутунот

16.12.2013 11:00

На 15 декември официјално почна и последниот законси рок за откуп на тутунот

Дел од монополите вратите ги отворија и порано,  а тутунарите очекуваат годинашнава реколта да достигне цена и од 190  денари за килограм.

Сите 10 откупувачи ќе почнат со преземање на тутунот од  годинашнава реколта. Сојузот на тутунските здруженија бараат од монополите  регуларен откуп и проценка според мострите.

Лани просечната откупна цена достигна 180, а во предвремениот  откуп годинава 20 денари помалку. Според проценките на Сојузот, со  повисокиот квалитет на тутунот и со поголемата конкуренција од  монополите треба да се добие и повисока цена.

Од Министерството за земјоделство велат дека сите незадоволни  тутунопроизводители треба да побараат нова проценка од второстепената  комисија. Досега се реализирани осум спорни проценки во кои во  повторената постапка е утврдена повисока вредност на тутунот за 30 до 40  проценти.

Мето Трајков