Груевски: Секоја наша победа е нов Илинден за идните поколенија!

02.08.2014 16:58

Ние сме македонци и зборуваме македонски јазик. Ние сакаме правда и затоа на проблемот со името порака од Груевски до меѓународната заедница- не треба да се гледа како да е само наш проблем...

Од сон до сонце. Oна што го изградиле нашите предци во минатото е нашиот најцврст темел, врз којшто ја градиме нашата иднинa. Сонот за којшто тие се бореле е слободата која ја живееме денес- зборови на благодорност, упатени од премиерот  Груевски од меморијалниот центар во Пелинце на одбележувањето на 7 децении од македонската државност. Нивната жртва, рече Груевски е наша обврска.

„Да продолжиме да се движиме напред кон сигурна иднина, затоа што секоја наша победа денес е нов Илинден за идните поколенија“, рече премиерот Никола Груевски.

Ние сме македонци и зборуваме македонски јазик. Ние сакаме правда и затоа на проблемот со името порака од Груевски до меѓународната заедница- не треба да се гледа како да е само наш проблем.

„Тоа е европски проблем. Ако некој мисли дека со игнорирање на овој проблем ќе создаде решение длабоко се лаже. Проблемот на Македонија, кој го лимитира нејзиниот прогрес е проблем кој стимулира нетрпеливост, несогласувања, нестабилност, создава предизвици. Игнорирањето, само го помага проблемот да се зголемува и продлабочува, а не го решава“, рече Груевски.

Европа, продолжи тој, не смее интересот да го става над принципите и над вредностите. „Така само ги потхранува скептиците кои демнат над нејзината причина за постоење, и темелите на кои таа треба да почива“, посочи премиерот.

Претседателот на владата на Илинден уште еднаш ја повика и опозицијата на  разумност во потезите и ја потсети на одговорноста што ја има кон сопствениот народ.

„Има мостови меѓу нас. Времињата не се воопшто едноставни во државата. Ако во нас има вина зошто се срушени, ние сме спремни да ја прифатиме нашата одговорност и да ги градиме повторно, но и тие да ја согледаат и испитаат сопствената улога и да помогнат во градењето на тие мостови. На граѓаните им е потребно тоа. На Македонија и е потребно тоа“, истакна Груевски.

Не изостана и пораката до оние што сакаат на тест да ги стават меѓуетничките односи.

Да се потрудиме да го надрадуваме она што ги изградивме во минатите години, а не да се враќаме во 2001 година, рече премиерот Груевски.

Виолета Димовска