Култура

Проектот „Страда бруталисима“ ќе ја претстави земјава на 19. Биенале на архитектурата во Венеција

11.02.2025 13:56

Македонија ќе учествува по десетти пат на оваа најголема светска манифестација што ќе се одржи од 10-ти мај до 23-ти ноември...

Авторите на проектот „Страда бруталисима“ се надеваат дека достојно ќе ја презентираат државата и ќе дадат придонес во размената на нови искуства, идеи и енергија на полето на архитектурата. Велат, архитектонските вредности ја сочинуваат основата на човековите вредности.

Нашата држава ќе биде претставена со архитектонски модели и графички прикази на брутализмот во архитектурата на најпрестижниот павилјон Арсенале во рамките на Биеналето.

Македонија ќе учествува по десетти пат на оваа најголема светска манифестација што ќе се одржи од 10-ти мај до 23-ти ноември.

 

Игор Панов